1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Избори без избор“ во Азербејџан

ЖА/дв/ртре/миа9 октомври 2013

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев веќе десет години со цврста рака владее со земјата богата со нафта и гас. Неговите противкандидати на денешните претседателкси избори се смета дека немаат никакви шанси.

https://p.dw.com/p/19wUD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев речиси сигурно ќе победи и ќе освои уште еден петгодишен мандат на денешните (09.10.2013) претседателски избори во оваа поранешна советска кавкаска република. Речиси ништо не укажува на тоа дека денеска во Азербејџан ќе се одржат претседателски избори. Предизборните плакати се поставени само на дозволените места, а контролираната национална телевизија мошне ретко го споменува гласањето.

Во 2003. година Алиев ја презеде претседателската функција од неговиот татко Гајдар Алиев, поранешен шеф на локалното КГБ и член на советското Политбиро. Во 2009. година тој на референдум ги укина ограничувањата за само два претседателски мандати, откако во 2008. година беше реизбран со 89 проценти од гласовите на изборите, кои западните набљудувачи не ги оценија како слободни и фер. Според анкетите, на денешните избори Алиев ќе освои околу 80 проценти од гласовите. Педесет и еден годишниот Алиев речиси и не водеше никаква предизборна кампања, одбивајќи да учествува во телевизиски дебати или да организира предизборни митинзи. Неговите приврзаници велат дека економските придобивки за земјата говорат доволно за него.

Благодарение на милијардите долари од нафтата, животниот стандард на населението во земјата, која има околу десет милиони жители, изминатите години постојано се зголемуваше, а Азербејџан стана сѐ поважен

Противниците на Алиев, пак ги осудуваат репресиите на неговата власт за време на предизборната кампања, проследена со многу апсења и усвоени закони за задушување на критиките, дури и на интернет.

Во мај вообичаено поделената азербејџанска опозиција се обедини околу единствениот кандидат - 61-годишниот историчар Џамил Хасанли. Тој собра илјадници приврзаници на митинзите и вети дека доколку биде избран за претседател, ќе поднесе оставка две години по изборот и во Азербејџан ќе воведе парламентарен систем.