1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во Грузија засенети од префрлувања за неправилности

Естер Хартбрих21 мај 2008

Три ипол милиони Грузијци со право на глас денеска го избираат новиот состав на парламентот. За 150-те пратенички места кандидати истакнаа 11 партии. Опозицијата страхува од изборни манипулации.

https://p.dw.com/p/E3SF
Изборни плакати во ГрузијаФотографија: AP

Владаечката партија на претседателот Сакашвили „Обединето национално движење“ според најновите анкети треба да добие најмногу гласови, но прашање е дали ќе го задржи досегашното двотретинско мнозинство.

Константин Габашвили, претседател на парламентарната Комисија за надворешна политика и претходно 10 години амбасадор во Германија, е уверен во победата на својата партија оти водела добра предизборна кампања „Се решивме предизборната кампања да ја водиме без лична критика, без лични напади. Тоа е добро за народот, за целокупната ситуација, за политиката на обнова“. истакна Габашвили.

Префрлувања на сметка на владата

Опозицијата, во најголем дел собранаво блокот „Обединета опозиција“, и’ префрлува на владата дека сака да го искористи конфликтот со Русија и со одметничките области Јужна Осетија и Абхазија за одвлекување на вниманието од внатрешно-политички проблеми и да прави манипулации во своја полза, како и кај претседателските избори.

Georgien Opposition Protest vor der Wahl
Протести на опозицијата пред изборитеФотографија: AP

Кон опозициониот блок припаѓа и новоформираната партија на Саломе Сурабишвили, која се повлече од функцијата министер за надворешни работи поради недемократската политика на претседателот Сакашвили.„Избориве се држат во многу напната ситуација и со неверојатни размери на неправилности. Не се исполнети барањата ниту на меѓународните организации, ниту на опозицијата. Ништо не се промени од неодамнешните претседателски избори. Нема ништо што би ги направило изборите веродостојни во очите на населението“ - вели Сурабишвили.

И луѓето од мониторингот на ОБСЕ критикуваат за неправилности. За изборни цели владата ангажира државни службеници и ресурси, а телевизијата информира во позитивен тон за партијата на претседателот.

Ако изборите не се слободни и не поминат фер, опозицијата најави дека ќе излезе на улица, како лани и по претседателските избори во јануари годинава.