1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборната конвенција во сенка на ураганот

Кристина Бергман/ Симе Недевски28 август 2012

Четири денови републиканците во САД сакаа да го презентираат а потоа и номинираат својот претседателски кандидат Мит Ромни. Меѓутоа бурата „Ајзек“ предизвика одложувања и го одвлекува вниманието на медиумите.

https://p.dw.com/p/15xkz
Фотографија: picture-alliance/dpa

Повторно временските непогоди ги нарушуваат плановите на републиканците. Пред четири години ураганот „Густав“ беснееше на американскиот брег во Мексиканскиот залив додека на изборната конвенција во Минеаполис републиканските делегати го номинираа Џон МекКејн за претседателски кандидат. Овојпат тоа е тропската бура „Ајзак“. Иако местото на оддржување на актуелната изборна конвенција, Тампа не е директно погодена од „Ајзак“ бурата сепак донесе поројни дождови во ова место во сојузната држава Флорида. Поради претпазливост првиот ден на партијата конвенција беше целосно укинат. Таа вчера само беше официјално отворена од шефот на партијата Рејнс Прибус. Само неколку минути по отворањето тој ја презакажа средбата со делегатите за денеска.

Tropensturm Isaac erreicht US Küste
Фотографија: AP

Стартуван часовник на долгови

На Републиканците сега наместо четири им остануваат три денови да и го презентираат на американската јавност својот претседателски кандидат. А токму тоа е суштината на средбата во Тампа, односно Мит Ромни поранешниот гувернер на Масачусетс да им биде претставен на гласачите кои не го знаат а на оние кои го знаат но можеби не го симпатизираат, да им биде презентиран во ново светло, вели Питер Браун, американски истражувач на јавното мислење.

„Тоа значи дека тие ќе ја истакнат неговата хумана димензија. Ќе говорат за неговите успеси како бизнисмен , кои ги постигнал во текот на животот. И же говорат за неговата политика и ќе го презентираат неговиот економски план со кој тој треба САД повторно економски да ги издигне“, истакнува Браун.

Притио голема улога игра оптичкиот впечаток. Затоа партискиот претседател Рејнс Прибус вчера како што беше планирано стартуваше еден своевиден часовник на долгови. Тој до четврток вечер, на крајот од конвенцијата треба да биде запрен и треба да покаже колку долгови направила актуелната администрација во Вашингтон преводена од претседателот Барак Обама за само четири дена.

„Ајзак“ се поголем проблем за Ромни

Вкупниот долг на САД изнесува речиси 16 билиони долари. Едно од изборните ветувања на Ромни е намалувањето на новите задолжувања. Неговиот рецепт гласи помала администрација и даночни олеснувања за да се поттикне економијата.

USA Tampa Parteitag Republikaner 2012
Фотографија: Reuters

Но тропската бура „Ајзак“ може да биде проблем за Мит Ромни зашто се’ повеќе го одвлекува вниманието на медиумите. Посебно телевизиите се позасилено известуваат за бурата која наскоро треба да прерасне во ураган и се движи по речиси истата траекторија како и катастрофалниот ураган „Катрина“ пред седум години. На „Катрина“ нацијата се’ уште се сеќава со ужаснатост поради катастрофалните последици пред се’ за Њу Орлеанс и поради неуспехот на локалните власти и федералната влада тогаш предводена од републиканецот Џорџ Буш во превенцијата и справувањето со катастрофата.