1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборна програма на либералите

26 јули 2005

Германските либерали вчера во Берлин ја претставија својата програма за претстојните парламентарни избори. Во фокусот е темата: работа. Се што служи на таа цел има предност, изјави претседателот на партијата Гидо Вестервеле:

https://p.dw.com/p/AcDi
Се надева на успех: Вестервеле
Се надева на успех: ВестервелеФотографија: AP

Пет милиони невработени, што е стапка од 12 насто. Тоа се бројките кои не може да ги одмине ниту една партија во престојната битка за парламентарните избори на 18 септември. Либералите, за разлика од другите, не сакаат лошата состојба на пазарот за работа да ја совладаат со зголемување на даноците. Претседателот Вестервеле потврди дека неговата партија не е за зголемување на данокот на додадена вредност од сегашните 16 на 18 проценти. Место тоа потребно е консеквентно намалување на субвенциите, посебно кај камениот јаглен, како и намалување на трошоците на државата:

„Со овој став ќе велеземе во коалиционите преговори и тоа со цел овој став да го спроведеме со добри аргументи и со силата на гласовите на избирачите„.

Кога станува збор за надворешната политика Вестервеле, со следниов програмски став:

„Европското единство не го гледаме како спротивност на трансатлантскиот сојуз, туку сакаме партнерство токму во него. Остануваме со јасен став за човековите права. Затоа сметаме дека е грешка што сојузната влада, кога станува збор за Русија, на пример, молчи. Сметаме дека е грешка и да се укине ембаргото за оружје против Кина. Сето ова прецизно го има во изборната програма„.

Во врска со безбедноста, либералите не се за ублажување на антитерористичките закони:

„Се што вистински ќе ја зголеми безбедноста на нашите граѓани, ќе го направиме. Но, нема да се согласиме со она што наводно ја зголемува, а всушност ја разградува правната држава„.

Либералите бараат и поголема компетенција на сојузот во политиката во однос на културата:

„Сметаме дека културата, културната нација, културната многустраност, тоа не треба да се најде во втор план, туку припаѓа во првиот ред и затоа е должност на валдиниот кабинет„, истакна Вестревеле во претствувањето на програмата на либералната партија.