1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избрана владата во Романија

4 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHD

Големо мнозинство од романските пратеници синоќа ја поддржа малцинската влада на чие чело останува премиерот Калин Таричеану.Владата е избрана со 303 гласови „за“ и 27 „против“.Партиите кои ја сочинуваат имаат мало мнозинство во Парламентот.Националната либерална партија и Демократскиот совет на Унгарците заедно имаат само 22 проценти од мандатите,но и поддршка од опозиционите Социјалдемократи.Претходната владина коалиција се распадна поради несогласувања меѓу премиерот Таричеану и Демократската партија на романскиот претседател Трајан Басеску.Тој оцени дека новата влада не е легитимна.