1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избран нов градоначалник на Косовска Митровица

ЖА/миа24 февруари 2014

Кандидатот на Српската граѓанска иницијатива Горан Ракиќ синоќа прогласи победа на повторените избори за градоначалник на северна Косовска Митровица.

https://p.dw.com/p/1BEIl
Фотографија: Sasa Djordjevic/AFP/Getty Images

Ракиќ соопшти дека неговата прва задача ќе биде да побара ослободување на сите „неправедно уапсени Срби“, за тие да се бранат од слобода.

Портпаролот на граѓанската иницијатива „Српска“, Александар Спириќ, на прес- конференција соопшти дека Ракиќ освоил 2.707 гласа, што е за 271 гласа повеќе отколку што заедно освоиле останатите тројца кандидати или 2.436 гласа. Ракиќ соопшти дека победата на „Српска“ во Косовска Митровица е победа на државата Србија.

„Почнуваме со формирање на Заедницата на српски општини“, подвлече тој.

Излезноста на повторените избори за градоначалник на Косовска Митровица беше 20,7 проценти од вкупниот број регистрирани избирачи, според првичните резултати, соопштени од Централната изборна комисија на Косово. Изборите за градоначалник на северна Косовска Митровица минаа без инциденти и неправилности.