1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извештаи за нови воени ѕверства во Сирија

ЖА/дв/дпа/ртре10 јуни 2013

Во граѓанската војна во Сирија двете завојувани страни извршиле повторно свирепи дела. Бунтовниците напаѓаат во регионот на Алепо.

https://p.dw.com/p/18mp4
Фотографија: AFP/Getty Images

Опозицијата тврди дека војници лојални на сирискиот режим убиле најмалку сто лица, додека бегале од градот Кусеир (на насловната фотографија) по неговото преземање од страна на сириската армија и од борците на либанското шиитско движење Хезболах минатата недела.

Поголемиот дел биле убиени од автоматски или артилериски оган во последните три дена, при обид да го преминат автопатот источно од Кусеир, со цел да дојдат до областите што не се под контрола на силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон јавува за убиството на 15-годишно дете во Алепо пред очите на неговите родители. Поголемиот дел од градот од минатата година го контролираат бунтовниците. Во нив спаѓаат и исламистите, блиски до терористичката мрежа Ал Каеда.

Syrien Kusair am 5. Juni 2013 Syrische Armee Panzer
Фотографија: AFP/Getty Images

Владините трупи и бунтовниците постојано се обвинуваат меѓусебе за извршување убиства над цивили и за употреба недозволено оружје.

Сепак, овие информации не се потврдени, бидејќи сириските власти го ограничуваат пристапот до информации на независните медиуми.

Опозициони извори јавуваат за успешно освојување на воен аеродром во провинцијата Алепо, кој речиси една година бил под опсада на бунтовниците.

Откако владините трупи пак успеаја да ја повратат контролата над градот Кусеир, набљудувачите не ја исклучуваат можноста од напад на сириските војници и Хезболах на Алепо што би се случил наскоро. Шиитската милиција во меѓувреме е се‘ повеќе мета на критика поради отвореното вмешување на страната на Асад во граѓанската војна во соседот на Либан, Сирија. Во египетскиот главен град Каиро полицијата растури протестна акција на сунитските исламисти пред либанската амбасада. Според локалните медиуми, бил повреден еден полицаец. И во заливскиот арапски емират Катар демонстранти се собрале пред амбасадата на Либан, протестирајќи против Хезболах. Во анти-Хезболах протестите во Бејрут вчера беше убиен еден човек.