1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извинувањето на Николиќ ја подели српската јавност

Уна Сабјаковиќ/ Александра Трајковска26 април 2013

Извинувањето на претседателот на Србија за злосторствата во Сребреница во Србија е прифатено на различни начини. За едните тоа е чекор кој претходните власти не биле подготвени да го направат, за други изјавата е фарса.

https://p.dw.com/p/18Ndt
Фотографија: Reuters

Веднаш откако беше објавено дека претседателот Томислав Николиќ побара „помилување“ за Србија поради Сребреница, уследија бројни и прилично недвосмислени коментари. Основачот на Фондот за хуманитарно право Наташа Кандиќ посебно го врти вниманието на наводите на Николиќ дека е подготвен да клекне во знак на извинување поради злосторствата сторени во име на Србија.

„Клучен збор во неговото извинување е дека е подготвен да клекне. Тоа за сега во Србија никој го нема кажано. Само знаеме дека Вили Брант клекна. Никогаш никој во историјата не клекнал, освен Вили Брант, и поради тоа неговото извинување е многу важно, и тоа треба да се посматра во контекст на неговото минато“, вели Наташа Кандиќ и наведува дека е јасно дека односите меѓу БиХ и Србија почнуваат да се менуваат.

Natasa Kandic Menschenrechtsaktivistin Serbien
Наташа Кандиќ: „До сега клекна само Вили Брант“Фотографија: DW/L. Pirolic

„Мислам дека со доаѓањето на Бакир Изетбеговиќ и српскиот член на Претседателството на БиХ односите почнуваат да се менуваат. Откако дојде веста дека претседателот Николиќ ќе го посети Сараево, мислам дека односите почнуваат да се менуваат и сега во овој момент не треба акцентот да се става на тоа дали го употреби или не зборот геноцид. Тоа е и останува најстрашно злосторство. Ако рече дека е подготвен да се извини во име на секој Србин, тогаш тоа е голем чекор напред“, истакнува Кандиќ.

На изјавата на Николиќ позитивно реагира и социологот Весна Пешиќ, која истакнува дека тој гест претставува опаметување на Србија и излез од како што вели лудилото во кое се живеело порано.

„Мислам дека е голем настан тоа што претседателот на нашата држава даде една таква силана изјава. Со тоа е потврдено дека оваа нова власт направи многу иако тоа од неа најмалку се очекуваше. Мислам дека тоа беше единствен процес, заедно со фактот дека Србија склучи договор со Приштина и верувам дека Србија излегува од своето лошо минато“, оценува Пешиќ.

Serbien und Bosnien Herzegowina Treffen in Belgrad
По посетата на Изетбеговиќ и Радмановиќ односите со Белград почнаа да се менуваатФотографија: ANDREJ ISAKOVIC/AFP/Getty Images

Таа дополни дека се подобруваат односите на Србија и БиХ, за што сведочи и неодамнешната посета на Претседателството на БиХ на Белград. „Николиќ стално ја очекуваше оваа средба со претставнциите на БиХ. За жал Комшиќ не дојде, но сега конечно во посета беа Изетбеговиќ и Радмановиќ и тоа беше една многу успешна посета. И токму во таа посета видов дека би можело да дојде до таква изјава“, вели Пешиќ.

Изјавата на Николиќ гаф или фарса

Меѓу оние кои го осудуваат претседателот на Србија е и политичкиот аналитичар Ѓорѓе Вукадиновиќ кој рече дека незнае дали е тоа „гаф“, исполнување на „барањата на германските пратеници“. Слично мислење има и историчарот и основат на „Напредниот клуб“ Чедомир Антиќ.

„Кога се работи за извинување, мислам дека тоа веќе стана фарса. Значи Србија ги прифати сите последици од војните, испорача 32 обвинети, усвои Декларација за Сребреница против која гласаа пратениците на Томислав Николиќ. Сега очекуваат извинување од Николиќ. Тој самиот очигледно не гледа разлика меѓу геноцид и голем злочин“, вели Антиќ.

Неискрено извинување?

Угледниот белградски адвокат Срџа Поповиќ е скептичен кога станува збор за искреноста на претседателот на Србија.

Serbien Aleksandar Vucic, Tomislav Nikolic, Ivica Dacic und Catherine Ashton
Искрена изјава или изјава поради приближување до ЕУ?Фотографија: EUROPEAN-UNION

„Ова извинување во овој момент е во контекст на претстоечките преговори со Европската унија. Мислам дека воопшто не е искрено. Мислам дека е тоа политички опортунизам и дека е тоа во функција на други интереси. И повторно мислам дека секое извинување е добро, барем и такво. Се плашам само дека во Босна не е баш сфатено како искрено“, рече Поповиќ.

Тешко е со сигурност да се каже дали Николиќ бил искрен. Она што е сигурно е дека целосното интервју во кое се извини предизвика огромно интересирање, поради што босанската телевизија го емитуваше вчера на 25 април, наместо на 7 мај, како што беше планирано.