1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој со кого на Еуро 2012?

2 декември 2011

Денеска (02.12) во главниот град на Украина, Киев ќе се оддржи шдрепката по која ќе биде познат изгледот на групите на наредното Европско првенство во фудбал во Полска и во Украина

https://p.dw.com/p/13LDx

Извлекувањето на групите за Еуро 2012 на кој ќе учествуваат 16 репрезентации ќе започне во Киев во 19 часот по локално време или 18 часот по средноевропско време. Во главниот град на Украина отпатува седдумчлена делегација на Германскиот фудбалски сојуз предводена од селектрот на репрезентацијата Јоаким Лев и менаџерот Оливер Бироф. Тие опуштено го очекуваат извлекувањето со оглед дека германија се вбројува меѓу главните фаворити за освојување на европската титула на 1.јули 2012 .

Fussball Euro 2012 EM Qualifikation Deutschland Belgien
Германскиот селектор Јоаким ЛевФотографија: dapd

Германија, Шпанија, Португалија и Франција може да се во иста група

Сепак ждрепката може да биде и немилосрдна па така германската фудбалска репрезентација може да се падне во иста група со европскиот првак Шпанија, со Португалија и со Франција, што дефинитивно ќе биде „група на смртта“ . Германија во фазата на групи не може да се падне во иста група со Италија, Англија и Русија.

Овие четири репрезентации се наоѓаат во т.н втор шешир. Носители на групите односно во првиот шешир се наоѓаат репрезентациите на актуелниот светски и европски првак Шпанија, на Холандија, како и на селекциите на ко-домаќините, Полска и Украина. Во третиот шешир за извлекувањето во Киев се наоѓаат Хрватска, Грција, Португалија и Шведска, додека во последниот, четврти шешир, се Данска, Франција, Чешка и Ирска.

Автор:СН/БГ/дпа/мф

Редактор: Александра Трајковска