1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извршена смртната казна врз Трој Дејвис

22 септември 2011

Смртната казна врз Американецот Трој Дејвис е извршена во американската сојузна држава Џорџија - и покрај протестите ширум светот против нејзино извршување.

https://p.dw.com/p/12eO0
Не помогнаа ни протестите од светот, ниту пак од домашната јавност: противници на смртната казна во САД се тешат взаемно по одлуката на Врховниот судФотографија: AP

Трој Дејвис беше осуден поради убиство на полицаец пред дваесет години, но тој во текот на двете децении минати во затвор постојано тврдеше дека е невин. Голем број сведоци, кои во текот на судскиот процес пред 20 години дале изјави против Дејвис, во текот на изминатите години или ги повлекле сосема или значително ги измениле. Поради сомневањето дека Дејвис е виновен, за неизвршување на смртната казна со инјекција со отров се заложија и поранешниот американски претседател Џими Картер, папата Бенедикт 16., како и Европската унија.

Дејвис, пред да биде извршена смртната казна, обраќајќи му се на семејството на убиениот полицаец уште еднаш повтори дека тој не е убиецот. „Се‘ што барам е случајот да се истражи до крај, за да ја дознаете вистината“. Од своето семејство, пак, 42-годишниот Дејвис побара „да ја продолжат неговата борба“. Дејвис требаше да биде погубен во 2007 година, но комисија за помилување даде дозвола за одлагање на извршувањето на казната на само неколку часа пред нејзиното спроведување. Една година потоа се вклучи Врховниот суд и го запре извршувањето на казната на само два часа пред нејзиното спроведување. Неколку месеци подоцна, извршувањето на казната беше уште еднаш спречено. Пред една година Врховниот суд му даде шанса на Дејвис да ја докаже својата невиност, но неговата одбрана не успеа да ги убеди судиите за нов старт на судскиот процес.

Автор: ЕМФ/ГЧ/дв

Редактор: Борис Георгиевски