1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извeстувачот Хауит во дводневна посета на Македонија

СН/ат/миа/мф13 февруари 2014

Македонскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграциите, Фатмир Бесими денеска (13.02) во Скопје ќе оствари средба со европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Ричард Хауит.

https://p.dw.com/p/1B7xi
Фотографија: Getty Images

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Хауит во Скопје ќе води разговори и дускусија со вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими. Главна тема на средбата ќе биде резолуцијата за Македонија што ЕП неодамна ја усвои, како и за процесот на македонската евроинтеграција. За време на посетата во Секретаријатот за европски прашања, Хауит ќе има и неформална средба со вработените на Секретаријатот .

Во резолуцијата Европскиот парламент уште еднаш го повика Советот на ЕУ да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Притоа се нагласува и дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување.

Хауит утре заедно со други европратеници од редовите на социјалистите и на демократите ќе учествува на конференцијата „Демократијата, владеењето на правото и слободата медиумите - клучни критериуми во напредокот кон Европската унија".