1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изненадување на изборите во Чешка

АТ/ дпа/ ртр13 јануари 2013

На претседателските избори во Чешка во водството е левичарскиот политичар Милош Земан. Изненадување предизвика министерот за надворешни работи Шварценберг, кој го исфрли од трката еден од фаворитите, екс премиерот Фишер.

https://p.dw.com/p/17J7K
Фотографија: picture-alliance/dpa

Првиот директен избор на еден претседател во Чешка донесе и прво изненадување. Министерот за надворешни работи Карел Шварценберг на изнанедување освои повеќе гласови од еден од фаворитите, поранешниот премиер Јан Фишер, и за две недели во вториот круг ќе ги одмери силите со Милош Земан.

По пребројувањето на речиси сите гласови, 68 годишниот Земан освои 24,2 проценти, додека 75 годишниот Шварценберг освои 23,4 проценти. Поранешниот премиер Јан Фишер, кој според анкетите постојано беше второпласиран, меѓу деветте кандидати освои 16,36 проценти.

На гласањето во петокот и саботата (11. и 12. 01) ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мнозинство, поради што ќе се одржи втор круг гласање на 25. и 26. јануари.

Karel Schwarzenberg Prag Präsidentschaftswahl
Карел ШварценбергФотографија: picture-alliance/dpa

Земан го репрезентира минатото, рече Шварценберг пред приврзаниците во Прага. Затоа во наредните 14 денови треба да се одлучи, кој курс ќе го одбере Чешката Република, изјави благородникот Шварценберг. Чешка мора повторно да си го пронајде местото во срцето на Европа.

Земан од 1998 до 2002 година ја предводеше социјалдемократската малцинска влада. Тој му префрлува на Шварценберг, дека како партиски шеф на конзервативната ТОП09 е соодговорен за политиката на штедење на владата.

Повеќе од осум милиони избирачи за првпат директно можеа да избираат претседател, затоа и се проценува дека интересот беше невообичаено висок. Излезноста на изборите изнесува 61 процент. За споредба, на последните избори за Сенатот минатата есен учествуваа 34,9 проценти граѓани со право на глас.

Актуелниот претседател и критичар на ЕУ Вацлав Клаус, по десет години на функцијата, повеќе не можеше да се кандидира.