1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израелска офанзива во појасот на Газа

13 октомври 2006

Најмалку 12 палестинци загинаа во најновата акција на израелската армија во појасот на Газа. По престрелките во градовите Абасан и Газа во текот на ноќта, утринава се јавува и за нов напад во северниот дел на регионот

https://p.dw.com/p/AdwV
Фотографија: AP

Тројца милитанти од военото крило на владејачкото палестинско движење Хамас загинале, а најмалку петмина се повредени во најновиот напад на израелската армија во градот Беит Лахија. Според изјави на очевидци нападот бил извршен од воздух, а мета било возилото со кое се движеле милитантите. Израелската армија засега не изнесува детали за акцијата.

Во престрелките во Абасан загинале најмалку 4 активисти на радикалната исламистичка организација Хамас и двајца цивили. Копнените израелски трупи во акцијата биле подржани и од борбени хеликоптери- изјавија очевидци.

Се јавува и за тројца загинати во израелски ракетен напад врз куќа на активист на Хамас во градот Газа во кој загинале најмалку 3 лица , меѓу нив две деца. Бараниот член на Хамас успеал да се спаси .

Портпарол на израелската армија потврди дека нападот бил насочен кон Ашраф Фервана лидер на вооруженото крило на Хамас , познато како Бригади Из ел Ден ал Касам .

Во нападот меѓутоа наместо Феврана загинал неговиот брат. По овие израелски напади во појасот на Газа , припадниците на Хамас за првпат по повеќе од еден месец повторно истрелаа ракети од појасот на газа кон Израел .

Политичкиот лидер на Хамас , Калед Машал истакна дека никогаш нема да биде признаена државата Израел.