1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израелците демонстрираа против верскиот фанатизам

28 декември 2011

Повеќе илјади Израелци во градот Беит Шемеш демонстрираа против радикална еврејска верска секта која шири верски фанатизам.

https://p.dw.com/p/13aU1
Незадоволство од барањата на ултра-ортодоксните ЕвреиФотографија: dapd

На учество на протестите во упориштето на ултра-ортодоксните Евреи повикаа организации за човекови права и претседателот на земјата Шимон Перес. Беит Шемеш стигна во фокусот на медиумското внимание откако едно осумгодишно девојче беше исплукано од припадници на радикална еврејска секта. Девојчето, според нив, не било пристојно облечено. Освен тоа, заострен е и судирот поради барањето на ултра-ортодоксните Евреи за поделба на половите во јавноста. Од жените, на пример, преку знаци на улица се бара да ја променат страна на улицата кога минуваат пред синагога, или во автобусите и возовите да седат на задните седишта.

Израелскиот претседател Перес демонстрациите ги нарече тест за решителноста на еврејското општество да му се спротивстави на насилството. Според него, целата нација мора да се придвижи за да се спаси од малцинство кое „сака да ги закопа најголемите вредности“ на Израел.

Автор: ЕМФ/ртр/дв

Редактор: Борис Георгиевски