1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел и Хамас договорија примирје

22 август 2011

Израел и палестинското движење Хамас денеска се заложија за почитување на договорениот прекин на огнот. Претходно, радикални Палестинци ракетираа цели на израелска територија, на што Тел Авив возврати со воздушни напади

https://p.dw.com/p/12LAk
Противракетен одбранбен систем во ИзраелФотографија: dapd

Неколку часа по полноќ од Појасот Газа беа ракетирани израелските градови Сдерот и Ашкелон. Оттаму, јасно беше: ако постои договор меѓу Израел и радикалните палестински групи, тогаш тој ноќеска не важеше, но во меѓувреме почна да се почитува.

Некои од ракетите израелскиот противракетен систем ги пресретнуваше и уништуваше во лет, некои паѓаа на тлото.

Претставник на Хамас синоќа соопшти дека сите палестински групи постигнале согласност за прекин на нападите кон Израел, со цел да престанат и изрелските воздушни бомбардирања. Но, очигледно Хамас не успеал да ги убеди и екстремистите од Комитетот за народен отпор и Исламскиот џихад, кои најавија продолжување на вооружените акции против Израел.

Израел не сака заострување на ситуацијата

Израелската авијација пак, истовремено изврши напад во областа на Средоземното Море.

Raketenangriff auf Israel
Ракети испалени од Појасот Газа на израелско тлоФотографија: dapd

По најавата на палестинските групи, Израел се откажа од идејата за копнена офанзива во Појасот Газа. Одлуката е донесена на ноќешната седница на Националниот совет за безбедност, свикан на барање на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Израел, освен тоа, стравува дека копнена офанзива би можела да испровоцира масовни демонстрации во Египет, што би ја загрозиле стабилноста на преодната влада во Каиро.

На викендот, во палестинските ракетни напади загина едeн Израелец, а 18 беа ранети. Од терористичките напади во Еилат, во четвртокот (18.08), и од почетокот на израелските воздушни напади, Палестинците испукале околу 100 ракети на израелска територија.

Најголемата опозициска партија во Израел, Кадима, наместо прекин на огнот побара повеќе напади врз Палестинците. Узи Дајан, долгогодишен претседател на Националниот совет за безбедност, вели:

Erneute Gewalt zwischen Israel und Palästinensern August 2011
Израелски напад врз Појасот Газа од изминатите деновиФотографија: dapd

„Не смееме да бидеме вовлечени во војна од интерес. Мораме да реагираме со остри напади, ако се пука врз израелските градови, мора да се пука и во Газа“.

Иако се тврди дека во постигнувањето примирје посредувал Египет, односот на Тел Авив и Каиро останува напнат. За попуштање, притоа, не се грижи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, туку претседателот Перес.

Израел е загрижен поради настаните од минатите денови. Мирот со Египет, како и со Јордан, според него, мора да биде зачуван. Во меѓувреме, во воздух останува да лебди заканата на египетското раководство, повлекувањето на египетскиот амбасадор од Израел поради убиството на египетски граничари од страна на Израелците, во четвртокот (18.08). Египет во тоа гледа повреда на мировниот договор од 1979 година.

Автор: Кристијан Вагнер/Жана Ацеска/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска