1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел нападнал цел во Сирија

СН/АМ/ап/ртр4 мај 2013

Анонимни израелски претставници ги потврдија претходните наводи дека воени авиони на оваа земја нападнале цел во Сирија, за која се верувало дека е пратка за оружје за милитантниот Хезболах во Либан.

https://p.dw.com/p/18SFD
Фотографија: Reuters

Израелски воени авион, според наводи на официјални претставници на оваа земја, нападнале цел во соседна Сирија. Станувало збор за пратка на најмодерни ракети од типот земја- земја која била наменета за радикалната шиитска милиција Хезболах во јужен Либан, која е непријателски настроена кон Израел. Пратката имала потенцијал да го промени односот на силите во кризниот регион, изјавија израелските владини претставници за светските новински агенциии под услов да остане анонимен со оглед дека не се овластени да даваат информации на медиумите за тајни воени операции.

Според него нападот се случил во петокот изутрина. Либанската армија вчера јави за повреда на воздушниот простор на Либан од страна на израелски авиони. Овие наводи беа индиректно потврдени од американската телевизиска станица ЦНН (Си ен ен). Таа јави дека според проценките на официјални американски претставници израелските воени авиони при нападот не навлегле во сирискиот воздушен простор туку ги испукале проектилите од либанска територија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите недели предупредуваше дека Израел е подготвен за воени акции ако на Хезболах и биде испратено хемиско или друго оружје.

Во јануари годинава Израел истотака индиректно призна дека бомбардирал еден конвој со оружје во Сирија, кој се наоѓал на пат кон Либан. Израелската влада во минатото повеќепати истакнуваше дека во никој случај нема да толерира испораки на оружје од Сирија за Хезболах во Либан.