1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел нема да испорачува струја за Газа

23 ноември 2007
https://p.dw.com/p/CSHA

Израел сака постепено да ги ограничи испораките на електрична енергија за појасот на Газа од 2 декември.Тоа произлегува од документ на државното обвинителство.Санкциите се насочени против радикално исламистичкиот Хамас кој го контролира појасот на Газа и толерира ракетни напади од милитантни Палестинци врз израелска територија.Повеќе организации за заштита на човековите права од Израел и од Палестина ги осудија овие најавени мерки,оценувајќи дека ќе станува збор за колективна казна.