1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел откажа мисија на УНЕСКО поради „политизација“

СН/БГ/миа/дпа/ртр20 мај 2013

Израел, според сопствени наводи, ја откажал поканата за делегација на ОН која требаше да ја провери состојбата на историскиот дел на градот Ерусалим. Причина е „политизацијата“ на мисијата од страна на Палестинците.

https://p.dw.com/p/18b3N
Фотографија: Ulrike Schleicher

Израелското министерство за надворешни работи преку неименуван претставник денеска соопшти дека е откажано доаѓањето на делегацијата на Обединетите нациикоја требаше да истражи каква е состојбата со историскиот центар на градот Ерусалим објаснувајќи: Палестинците не го почитуваат разбирањето. Посетата требаше да биде професионална, но тие преземаат мерки за политизација на настанот и не и дозволуваат на делегацијата да се фокусира на професионалната страна на тоа. Тој наведе дека палестинскиот министер за надворешни работи Риад Малки ја означил делегацијата на ОН како „истражна комисија“ за активностите  што Израел ги презема во Ерусалим, во чиј источен дел Палестинците планираат да биде нивната престолнина.

Израелската влада во април даде согласност  Организацијата на ОН за образование наука и култура УНЕСКО да ја провери состојбата на спомениците и старите градби во историскиот дел на Ерусалим. Палестинските автономни власти кои во 2011 беа примени во членството на УНЕСКО и Јордан извршија притисок за испраќање на ваква мисија.

„ Палестинската управа инсистираше да ја одведе делегацијата на Ридот на храмовите, за да се сретне со политичките претставници, а не само со инженерите, архитектите и професионалците. Израел смета дека тоа е неприфатливо и се надева дека доаѓањето на делегеацијата е само одложено, а не и откажано“, посочи денеска неименуваниот претставник на министерството за надворешни работи на Израел за новинската агенција Франс прес. Тој дополни: „Договорот беше да се работи на зачувување и рехабилитација на ерусалимскиот стар град во замена Палестинците да се откажат од петте антиизраелски резолуции во УНЕСКО“.

Ридот на храмовите е свето место и за Евреите, бидејќи таму се наоѓаат древните еврејски храмови, но и за Арапите, бидејќи таму се наоѓа џамијата Ал Акса, трета по значење во исламот.

Тој се наоѓа во источен Ерусалим, што Израел го окупира во шестдневната војна во 1967 година и подоцна го анектира, а меѓународнатра заедница никогаш не го призна. Израелските лидери тврдат дека обединет Ерусалим ќе остане престолнина на Израел.