1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел пред предвремени парламентарни избори

21 ноември 2005

Актуелниот премиер Ариел Шарон доцна синоќа донесе одлука да се повлече од партијата Ликуд и да формира нова политичка сила со која би продолжил да ја спроведува започната политика на помирување со палестинците.

https://p.dw.com/p/AcBA
Ариел Шарон
Ариел ШаронФотографија: AP

Израелскиот претседател Моше Кацав претпладнево ќе започне итни консултации за свикување предвремени парламентарни избори во земјата. По средбата со премиерот Ариел Шарон, Кацав изјави дека изборите треба да се одржат што е можно побргу. Ариел Шарон во текот на денот се очекува јавно да ја соопшти својата одлука за напуштање на партијата Ликуд и формирање нова политичка сила со која ќе се обиде да обезбеди услови за довршување на започнатиот мировен процес со палестинците.

Ариел Шарон веќе ги почнал разговорите со политичките сојузници за формирање нова партија во која не се исклучува можноста да членува и довчерашниот лидер на Лабуристите Шимон Перез.

Според информациите 14 од вкупно 40 пратеници од партијата Ликуд, меѓу кои и петмина министри од владиниот кабинет се согласиле да се придружат на крилото на Шарон.

Потегот на Шарон следува по вчерашната одлука на новото раководство на Лабуристичката партија за напуштање на владеајчката коалиција. Лидерот Амир Перец, кој по долги години го симна Шимон Перез од претседателската функција на партијата, очекува предвремени избори во Фебруари или Март. Неговиот план го поддржуваат осум министри и тројца заменици министри од владината коалиција. Перец смета дека на Израел му требаат суштински реформи на економски и социјален план:

„Изборната борба ќе се одигра на општественото поле, ќе се работи за правата за животниот стандард, за тоа младите луѓе да знаат дека државата не мисли само на нив кога ги повикува во армијата. Државата ќе се грижи за нив за тие да можат да студираат и да ја градат својата иднина во оваа земја, а не разочарани да ја напуштаат и да се отселуваат во други земји„ рече Перец кој инаку важи за еден од противниците на изарелскот повлекување од појасот на Газа.

„ Јас поддржувам силен и обединет Ерусалим кој отсекогаш бил престолнина на Изреал. Целосно сум против правото за враќање на палестинските бегалци во Ирзаел„

Инаку според анкетите новиот распоред на политичките сили во земјата најмногу ќе се одрази врз партијата Ликуд, која би била најголемиот губитник. Ариел Шарон во вакви услови очекува да го заврши мировниот процес и помирувањето со палестинците.