1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел уништува проекти финансирани од ЕУ

Себастијан Енгелбрех / Александар Методијев17 мај 2012

Израелската влада, според невладини организации, во минатата година уништила дузина палестински домови, бунари и земјоделски објекти финансирани од фондови на ЕУ.

https://p.dw.com/p/14vrk
Фотографија: Reuters

На палестинскиот Западен Брег во минатата година се зголемени разурнувањата од страна на израелската армија. Пред се’ погодена е т.н. област Ц, односно земјоделските региони, каде за безбедноста и управата е одговорна само израелската окупаторска власт. Коалиција на невладини организации во окупираните територии објави извештај за уништувањата.

Според него израелската армија на почетокот на 2011-та година уништила 62 палестински објекти, финансирани од земјите од ЕУ, пред се’ куќи, штали, останати земјоделски објекти и цистерни. Целосно земено во овој период се уништени 620 објекти. Причината според израелските власти секогаш е иста – градбите се изградени нелегално.

Energieprojekt in Westjordanland
Израелските власти велат дека објектите се рушат поради нивната нелегална градбаФотографија: eduardosoteras.com

Една од организациите, кои ги собираа податоците за разурнувањата, е Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

„Утврдивме значително зголемен тренд при овие демолирања. Тука е многу тешко за Палестинците да добијат дозвола за градба во областа Ц. Ова трае со години, ако воопшто ја добијат“, забележува Максвел Гајлард.

Поради тоа многу Палестинци градат без градежна дозвола. Според нивно мислење, за палестинската земја важи меѓународното право, а Израел е окупациска сила. ЕУ поддржува развој на палестинската инфраструктура во т.н. област Ц. Според извештајот на невладините организации на дополнителни 110 објекти им се заканува уништување.

За десет години уништени 49 милиони евра, донации од ЕУ

Во овој случај израелските власти веќе ги најавија уништувањата или донесоа одлуки за запирање на изградбата. Овде се работи за повеќе проекти за искористување на соларната енергија, кои меѓу останатото се финансирани и од Германија.

„Мојата фамилија Насар живее овде од 1916-та година. Тогаш мојот дедо тука живеел во пештера – на оваа земја. Ние како деца или внуци пораснавме во оваа земја. Оваа земја е под закана од експропријација од 1991-ва година и од тогаш ние легално се бориме за оваа земја“, вели Даоуд Насар, директор на проектот.

Според Европската комисија, израелската армија во периодот од 2001-ва до 2011-та година уништила проекти на окупираните територии, а финансирани од ЕУ, во вредност поголема од 49 милиони евра. При скорешната посета на германскиот министер за развој Дирк Нибел кај израелскиот заменик-министер за надворешни работи Дани Ајалон оваа тема, барем јавно, воопшто не беше предмет на разговор. Нибел за момент ги критикуваше германските проекти за помош во областа Ц.

Energieprojekt in Westjordanland
Енергетските проекти се финансирани од членките на ЕУФотографија: Thomas Schneider

„Јас посакувам некои процеси на планирање да бидат побрзи, но при некои планирања легитимните безбедносни интереси на Израел мораат да бидат земени во предвид, а го знаеме тоа од работата со години и се обидуваме тоа практично да се примени, за да добиеме што е можно подобри резултати“, изјави Нибел..

Германија, со инвестиција од 80 милиони евра, е вториот по големина донатор на развојни проекти за Палестинците во т.н. област Ц.