1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел ја продолжува офанзивата

10 јули 2006

Во текот на ноќта израелската армија со воздушни напади ја продолжи офанзивата против милитантните Палестинци во појасот Газа.

https://p.dw.com/p/Ae0E
Повреден Палестинец во Газа
Повреден Палестинец во ГазаФотографија: AP

Израелската армија, од воен хилихоптер испукала ракета во правец на група борци во северниот дел на појасот Газа. Притоа е убиен член на Хамас, а повредени се уште две лица, според изралески избори убиените сакале да испукаат ракети со краток дострел во правец на Израел.

На југот на градот Газа, израелски воен хилихоптер со ракета уништи зграда на милитантната палестинска организиација Исламски Џихад. Сеуште нема информации за жртви или повредени во овој напад. Зградата наводно служела како склад за палестинските ракети. Претходно израелската армија испука ракети и на северот на Газа.

Вчера израелската армија соопшти дека ќе ја продолжи воената офанзива во појасот на Газа, во која досега се убиени 50 Палестинци. Минисатерот за одбрана Амир Перец на неделната седница на кабинетот во Ерусалим рече дека дипломатските напори за ослободување на војникот Шалит сеуште не вродиле плод. Поради тоа ќе се породлжи со офанзивата со зголемен интензитет. Премиерот Ехуд Олмерт уште еднаш нагласи дека Израел не е подготвен да преговара со палестинската радикално – исламистичка влада на Хамас.