1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел ќе ослободи 250 палестинци затвореници

26 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3Me

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт ги соопшти плановите за ослободување на 250 затвореници припадници на палестинското движење Фатах, на претседателот Махмуд Абас. Олмерт ова го соопшти на крајот на самитот во Шарм Ел Шеик на кој се разговараше за придвижување на мировниот процес, откако радикално исламистичкиот Хамас го зазеде појасот на Газа. Египетскиот претседател Хосни Мубарак самитот го оцени како значаен чекор кон заживување на мировниот процес.