1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изјаснување против конфронтација, но не и за обединување со Кина

14 јануари 2008

Исходот на изборите во Тајван ни оддалеку не значи дека претстои брзо повторно обединување на островот со континенталната матица Кина, ниту е предзнак за исходот на претседателските избори што следуваат во март.

https://p.dw.com/p/CpUd
Неговата политика доживеа тежок пораз - Чен Шуи-биан, актуелен претседател на ТајванФотографија: AP

Демократска Кина постои – не големата Народна Рапублика Кина, туку Република Кина на островот Тајван. Таму во саботата на парламентарните избори нов состав на парламентот во кој сега двотретинско мнозинство ќе има досегашната опозициона прокинеска партија Куоминтанг.

Политиката на Демократската партија на напредокот - ДПП на актуелниот претседател Чен Шуи-Биан е отфрлена на убедлив начин – претседателот бараше веќе сега да биде даден сигнал и за претседателските избори, најавуваше 50, а освоени се само 27 од вкупно 113 места во парламентот. Чен ја сфати пораката од изборите и веднаш му го препушти раководењето со партијата на Франк Хсие, кандидат за претседателските избори.

ДПП произлезе од протестно движење против еднопартиското владеење на Куоминтанг кон средината на 80-тите години. Откако е претседател, Чен континуирано ја водеше партијата на курс на независност и ја налути големата Кина. Пекинг во 2005-та со Закон против отцепување ја утврди својата позиција: формална изјава на Тајван за независност би предизвикала насилно обединување на островот со матичната земја. САД се заштитнички на Тајван, па таква ситуација би водела кон конфронтација на двете нуклеарни сили, што не е од американски интерес. Оттука, обидите на Чен да се избори за поголем маневарски простор за Тајван на крајот доведоа до полоши односи со најважниот сојузник Америка.

Избирачите ја казнија ДПП поради редица корупциски скандали во опкружувањето на Чен. Но тие пред се’ го отфрлија поларизирањето на општеството што го спроведуваше таа партија, наметнувајќи наводно самостоен тајвански идентитет и потиснувајќи го кинеското наследство. Тоа одеше дури до промена и на учебниците!

Пекинг ја научи лекцијата

Пекинг со воздржано задоволство реагира на исходот на изборите. Победничката партија Куоминтанг се смета за прокинеска, а Пекинг во последните години повеќепати покани и угости нејзини високи претставници. Тамошното раководство ја научи лекцијата од претходните избори – да не се вмешува прегласно во предизборната кампања во Тајван, тои тоа досега постојано ги јакнеше приврзениците за независност на островот.

Но, убедливата победа на Куоминтанг не значи и изјаснување за брзо обединување со Народна Република Кина. Тоа во Тајван е есктремно непопуларно барем додека во Пекинг не завладеат демократски односи. Наместо курс на конфронтација на претседателот Чен, луѓето сакаат одмерена политика. На најголемиот дел од нив им одговара статус-кво ситуација.

На претседателските избори во март ќе се покаже дали избирачите ја заборавија цврстата рака на Куоминтанг за време на четиридецениското еднопартиско владеење. Се чини дека избирачите на Тајван се наклонети кон поделена власт.

Матијас фон Хајн