1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илиевска и Антиќ-најдобри спортисти

23 декември 2011

Перо Антиќ, капитенот на кошаркарската репрезентација и карате-репрезентативката Наташа Илиевска ги добија признанијата најдобри спортисти на Македонија за 2011-та година.

https://p.dw.com/p/13Y8C
Перо АнтиќФотографија: Petr Stojanovski

За изборот на најдобрите што синоќа го организираше Агенцијата за млади и спорт гласаа стручни лица, спортскии федерации, спортските новинари и сите заинтересирани граѓани преку интернет.

Предводникот на македонските кошаркари до четвртото место на еврошампионатот, Лестер Бо Мекејлеб убедливо победи во категоријата најпопуларен спортист за оваа година.

Капитенот на ракометарите Кире Лазаров стигна до признанието најдобар македонски спортист во странство.

Mazedonien Natasa Ilievska Karate Karatemeisterin
Наташа ИлиевскаФотографија: DW

Од репрезентациите победија кошаркарите и ракометарките, а од спортските федерации најуспешна беше Македонската кошаркарска федерација.

Успехот на кошаркарскиот спорт за 2011 година го заокружи Марин Докузовски со титулата најуспешен селектор.

Од младите спортисти најдобри беа Давид Бабунски (фудбал) и каратистката Моника Стефановска.

Најуспешна универзитетска репрезентација е Ватерполо универзитетската репрезентацијата на Македонија.

Кај спортистите со инвалидитет најдобар годинава беше Андреј Стојановски.

Наградата за животно дело му припадна на проф. д-р Милош Вучидолов.

„Методи Митевски - Брицо“ од Скопје е најуспешен спортски клуб од средните училишта, а „Елпида Караманди“ од Битола е најдобар клуб од основците.

Автор: ЖА/ АТ/ миа

Редактор: А. Трајковска