1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници Грци ги одјавуваат автомобилите

ЖА/дпа28 декември 2012

Тешки моменти за возачите во екот на кризата. Поради нужноста од штедење, се‘ повеќе Грци ги одјавуваат своите автомобили. Само во декември од „домашното милениче“ се откажале 70 илјади граѓани.

https://p.dw.com/p/17Asg
Фотографија: picture-alliance/ZB

Поради драматичната финансиска ситуација десетици илјади луѓе во Грција не можат повеќе да ги плаќаат давачките за данок и осигурување за своите автомобили. Пред даночните служби во земјата во овие последни денови пред почетокот на Новата година има долги редици на чекање-луѓе со регистерските таблички во рацете.

„Засега, привремено во семејството ставаме крај со возењето автомобил. Не можеме да го плаќаме данокот од 265 евра“, вели една 40-годишна жена за грчката телевизија. Таа поседува автомобил од средна класа.

Според информациите од министерството за сообраќај, само во декември автомибилите ги одјавиле околу 70 илјади сопственици на автомобили.

До денеска само 60 проценти од сосптвениците го платиле данокот за автомобил, па министерството ја проверува можноста за пролонгирање на рокот кој истекува на 31. декември.

Драстичните мерки на штедење во земјата според синдикатите предизвикаа пад на примањата на Грците од 2009 до денес од 30 проценти. Во борбата за што повеќе приходи, државата ги принуди и сопствениците на помали возила со 15 години старост да плаќаат 120 евра данок годишно. Сопствениците на луксузни автомобили годишно треба да платат и до 1320 евра данок на државата. Во 2011. година во Грција беа пријавени вкупно околу 250 илјади автомобили.  

Грците исто така се‘ помалку купуваат нови автомобили.