1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници жртви на крвната одмазда во Албанија

БГ/миа3 април 2013

Од падот на комунизмот Албанија бележи драматичен пораст на бројот на жртвите на крвната одмазда. Десетици илјади луѓе живеат затворени поради страв од ликвидација.

https://p.dw.com/p/188VX
Фотографија: AP

Во Албанија, во последните 22 години, односно по падот на комунизмот убиени се 6.000 лица поради крвна одмазда, во своите домови се затворени и се заштитуваат да не бидат ликвидирани, се наоѓаат десет илјади семејства, јави дописникот на МИА од Тирана. Ова, според весникот „Шекули“, стои во последниот извештај на Народниот правобранител на Албанија.

Народниот правобранител во документот уште ги наведува и мерките кои треба да ги презема државата за да се спречи оваа појава. Како што стои во извештајот, најголем број од убиствата поради крвна одмазда се извршени во Тирана каде што мигрирале голем број семејства од повеќе делови на Албанија со цел да ја избегнат крвната одмазда. Она што посебно се нагласува е фактот што убиените се на возраст од 21 до 37 години и оти меѓу нив има и жени и деца. Во извештајот стои дека бројот на семејствата кои влегуваат во крвна одмазда последните години се намалува, но оти ова и понатаму претставува загрижувачка појава.

Феноменот на крвна одмазда во Албанија датира од 15 век, но речиси во целост беше прекината во време на владеењето на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа.