1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли војна во Авганистан или не?

15 декември 2009

Германскиот НАТО-генерал Карл Хајнц Латер го брани спорниот воздушен напад во Кундус. Според шефот на воената мисија на НАТО, Германија во идната година треба да испрати дополнително најмалку 500 војници во Авганистан.

https://p.dw.com/p/L2WU
Фотографија: AP

Карл Хајнц Латер, шефот на воената мисија Шејп смета дека се неопходни уште два баталјони со бројност од 500 до 3 илјади луѓе, со цел ситуацијата во северниот дел на Авганистан да биде стабилизирана. Проценките на Латер се важни од аспект на актуелната дебата за воздушниот напад врз двете цистерни со нафта во септември, грабнати од талибанците. Во нападот загинаа голем број луѓе, покрај талибанците и цивили.

Воено легитимна цел

На прашањето дали нападот можел да биде избегнат, ако командантот во тој дел располагал со поголем број војници, Латер вели: „Според она што го знам и го видов, да.“

Нападот врз талибанците и цистерните според Латер е исправен. „Мислам дека тоа била воено легитимна цел, ако земете дека се наоѓаме во воени услови, а одлуката за акција, која ја донел полковникот Клајн во конкретната ситуација на теренот, треба да биде вреднувана одделно.“

Karl-Theodor zu Guttenberg in Afghanistan Flash-Galerie
Германскиот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг во посета на војниците во АвганистанФотографија: AP

Генералот во секој случај не дава изјави дали било исправно бомбардирањето на цистерните, тоа е она што треба точно да се испита во овој случај. Латер не исклучува дека ќе има и други воздушни напади. Во Авганистан впрочем владее состојба слична на војна: „Треба да сме свесни, политички, правно, воено, дека ние сме во ситуација, која е нешто поинаква од едноставно стабилизирање.“

Состојба „слична на воена“ во Авганистан?

Треба да се отвори дебата што се случува во Авганистан. Ако германските политичари зборуваат за војна, се заканува отворање на дилема за уставноста на мисијата. Германскиот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг зборува за состојба слична на војна. Според оваа дефиниција, за германскиот полковник, кој го нареди нападот врз цистерните со нафта, важи закон во услови на војна, а не казнениот закон.

Под овие услови е оправдан напад, иако при него загинале и цивили. Латер очекува овие прашања за германските војници да бидат разјаснети преку дебата.

Автор: Кристоф Пресл/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска