1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли поврзаност меѓу секс-скандалот на Петреус и нападот во Бенгази?

Силке Хаселман / Александар Методијев12 ноември 2012

Различни комисии на американскиот Конгрес за оваа недела закажаа шест сослушувања. Се работи за позадината на смртоносниот терористички напад од 11.09.2012 на конзулатот во Бенгази. Дејвид Петреус е клучот во проблемот.

https://p.dw.com/p/16hDX
Фотографија: AP

Дајана Фајнстејн од Калифорнија е шефица на Комисијата за разузнавање во Сенатот и затоа е една од најмоќните жени во Вашингтон. Според законот таа би морала да биде информриана од ФБИ долку има „значаен развој во областа на националната безбедност“. Тоа дека ФБИ со месеци го истражувала опкружувањето на директорот на ЦИА, Фајнстејн за првпат слушна од медиумите и тоа беше грешка, рече демократката за телевизијата Фокс њуз.

„Меѓу другото се обидувам одблизу да работам со републиканските претставници. Го делиме материјалот и работиме заедно и тоа е значаен концепт. Никој од нас предвреме не знаеше и сето ова очигледно дека доаѓа како голем шок. Ние сме во состојба да ги чуваме работите на класифицирани, затворени седници. Барем да знаете, ќе почнете да размислувате и да планирате. Секако дека ние ја немавме таа можност“, изјави Фајнстејн.

Paula Broadwell mit ihren Buch All In
Пола Бродвел, автобиографката и љубовница на Петреус, испраќала заканувачки мејлови до вработена во Воената централна команда во ТампаФотографија: AP

Се’ уште не се познати сите околности од аферата. До сега американските медиуми информираа, повикувајќи се на анонимни извори од ФБИ, дека истрагата започнала уште пред четири месеци. Вработена во Воената централна команда во Тампа, Флорида, која некогаш ја раководеше Петреус, добила заканувачки имејл пораки и побарала помош од ФБИ. Истрагата се насочила кон биографката на Петреус и љубовница Пола Бродвел. Се’ уште е нејасно во каква врска била и е жената од Тампа со поранешниот генерал. Се вели дека Бродвел во неа гледала конкурентка.

Пред три недели ФБИ според свои сознанија го вметнува во мозаикот и Дејвид Петреус, но двете стрaни оdлучуваат за работата да молчат се до завршувањето на вечерта на претседателските избори. Минатиот вторник (06.11.2012) во 17 часот ФБИ го информирала директорот на националниот одбор за разузнавање Џејмс Клапер. Во среда (07.11.2012) следела и Белата куќа, а ден ден подоцна и претседателот Барак Обама. Дури потоа Дејвид Петреус поднесе писмена оставка до Обама.

Во телевизиска дебата повеќе сенатори се запрашаа дали американскиот Претседател четири месеци не знаел ништо за истрагата на ФБИ против шефот на ЦИА. Чудно е како не била откриена љубовната врска во 2011-та година, кога се правела вообичаената безбедносна проверка, бидејќи Обама сакаше да го назначи него за директор на ЦИА. Вашингтон пост информираше дека долго време се шушкало за приказни со други жени во кои бил вклучен Петреус.

Сега постои теорија дека Белата куќа долго време знаела за тоа и сакала да го искористи знаењето на Петреус, па затоа претседателот Обама го прикривал шефот на ЦИА. Оваа недела членовите на парламентот сакаат преку шест сослушувања да откријат зошто администрацијата на Обама, и покрај повеќемесечните предупредувања, не го заштитила конзулатот во Бенгази и зошто вработените на 11-ти септември не добиле никаква помош, иако конзулатот цели седум часа бил напаѓан од терористи. Меѓу жртвите беше и амбасадорот Крис Стивенс. ЦИА објасни дека „по ниту една основа“ не била одбиена молбата за помош. Се’ уште е нејасно каква улога одиграл претседателот Обама во тие часови. Дали откривањето на секс-скандалот беше за да се покрие тој со амбасадата?

Libyen Bengasi Anschlag auf US-Konsulat
Фотографија од нападот на конзулатот во БенгазиФотографија: Reuters

Некои тоа го оценуваат како бесмислено. Републиканскиот сенатор Линдзи Грахам од комисијата за разузнавање во Сенатот во моментов не може да види некаква поврзаност меѓу оставката на Петреус и сослушувањето во комисијата.

„Имаме четворица загинати Американци во Бенгази, имаме потфрлање во националната безбедност и не гледам како на овој свет ќе откриете што се случи во Бенгази, пред, за време и по нападот, ако генералот Петреус не сведочи“, изјави тој за СиБиЕс.