1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли политиката влијание врз НСУ процесот?

Анја Фенле/ Александра Трајковска 4 април 2013

Откако турските медиуми не добија места во судската сала за процесот против терористичката група НСУ, турскиот министер за надворешни работи разговараше со германскиот колега. Какво влијание има политиката врз судовите?

https://p.dw.com/p/188an
Фотографија: picture-alliance/dpa

Со спорното доделување на места за новинарите во судската сала Турција не е задоволна и го зголеми притисокот врз германската влада. Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу изминатиот викенд телефонираше со неговиот германски колега Гидо Вестервеле и се заложи за пристап до процесот против осомничената за неонацистички тероризам Беате Чепе и четворица осомничени помагачи на терористичката група Националсоцијалистичко подземје (НСУ) како за турските новинари така и за турските политичари. Министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле изрази разбирање за молбата од Турција, меѓутоа укажа на независноста на судството, се вели од Министерството за надворешни работи во Берлин.

Германските судови се независни. Тоа е поврзано со поделбата на власта, значи поделбата на судството, законодавецот и извршната власт, кон што на пример припаѓа полицијата. „Независноста на судот е голема придобивка, голема придобивка за правната држава и во тоа никој се разбира ниту политиката не треба да се сомнева“, вели берлинскиот политиколог Хајо Функе во разговор со Дојче веле. Сепак Минхенскиот покраински суд би бил добро советуван, доколку при распределбата на местата би обезбедил најголема можна флексибилност, за јавноста да може тоа соодветно да го регистрира.

Türkische Presse nicht erwünscht, türkische Tageszeitung Hürriyet
Фотографија: picture-alliance/dpa

Турските новинари не добија места

Досега судот додели 50 од 100 јавни места на претставници на медиумите, по редослед како се доставувани барањата до судот. Првите 50 подносители на барања значи ќе добијат место, другите не и сега се наоѓаат на листа на чекање. Алтернатива на пример би било да се резeрвира одреден контингент места за турските медиумски претставници, со оглед на тоа што повеќето жртви од НСУ имаа турско потекло и оттука и интересот кај турските медиуми е голем, подвлекува поранешниот судија на Уставниот суд Волфганг Хофман-Рим во разговор со Дојче веле. Слично постапи судот во судскиот процес против водителот Јерг Кахелман, кој е швајцарски државјанин. При тој процес, кој исто така наиде на големо медиумско ехо, уште однапред беше резервиран одреден број места за швајцарските новинари.

NSU Prozess Beate Zschaepe Gerichtssaal München
Во оваа судска сала треба да се одржи судскиот процес против осомничените членови на НСУФотографија: Reuters

Германското правосудство е веродостојно и независно

Поради спорната распределба на места за новинарите во Турција расте сомнежот за незавизноста на германското правосудство. Политикологот Функе смета дека тоа е претерано. Штетата не е дека судот не е независен, за тоа досега нема конкретен повод. „Уверен сум дека постапката против НСУ ќе биде независна“, вели со целосно убедување Функе.

Слично се произнесе и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот Рупрехт Поленц. Тој има доверба во германското правосудство и ја повика Турција на умереност. Тој иако смета дека распределбата на местата не била особено умешно спроведена. „Но оттука да се извлекува дека целиот процес не протекувал фер и врз основа на правосудните начела, ја промашува целта“, изјави Поленц за втората програма на германската телевизија (ЦДФ) и дополни дека Турција има основа да полага во довербата во германското правосудство.

Притисок од турската и германската јавност

Уште пред телефонскиот повик од турскиот министер за надворешни работи Давутоглу со германскиот министер за надворешни работи Вестервеле во дискусијата се вклучи одговорната за миграција во германската влада Мариа Бемер. „Во овој случај целиот свет гледа кон Германија“. Од почит кон жртвите и членовите на семејствата и за повторно да се поврати довербата, таа смета дека при респределбата на местата во судницата за процесот против НСУ треба да се земат в предвид турските и грчките претставници на медиумите. Таа апелира до судот повторно да размисли за својата спорна одлука и нагласи, кај процеси со слично голем интерес кај медиумите во изминатите години биле наоѓани решенија.

Oberlandesgericht München NSU Anklage
Во фокусот на јавноста: Покраинскиот суд во МинхенФотографија: picture-alliance/dpa

Притисокот на турската и на германската јавност врз судиите во Минхенскиот покраински суд расте. Политикологот Функе во интервју за ДВ го поздрави тоа што постои разумна јавност и говори за индиректно влијание преку јавноста. „Но тоа не значи дека судот поради тоа не е независен“. Тоа не било влијание врз самиот процес, туку за јавните рамковни услови на перцепцијата на јавноста на овој процес“, појаснува Функе.

Процесот против НСУ во Покраинскиот суд Минхен треба да започне на 17. април.