1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Именуван нов севернокорејски премиер

БГ/макфакс1 април 2013

Во екот на кризата која се заканува да прерасне во отворен воен судир со САД и Јужна Кореја, државното раководство во Пјонгјанг одлучи да именува нов премиер

https://p.dw.com/p/187lZ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поранешниот севернокорејски премиер Пак Понг-Ју, кој беше сменет во 2007 година, бидејќи не успеа да ги спроведе економските реформи зацртани од комунистичкото раководство, повторно е вратен на должноста на седницата на севернокорејскиот парламент одржана во понeделникот, објaви државната новинска агенција KCNА.

Претходно во неделата Пак- Понг Ју беше вратени во составот на политбирото на владејачката Работничка партија, чии одлуки парламентот само ги потврдува. Од должноста премиер на Северна Кореја е отповикан Чое Јонг-Рим, а Пак е поставен на неговото место.

Улогата на владата е всушност да ги спроведува одлуките на Централниот комитет на Работничката партија. Според оцените на аналитичарите, промената на местата на премиерите е уште еден потег со кој младиот лидер Ким Јонг-Ин ја зацврстува својата власт.

Пак е технократ од кариера кој премиерската функција ја презема во 2003 година за да го спроведе амбициозниот план за економски реформи, вклучувајќи и воспоставување автономија во земјоделскиот сектор. Сменет беше по четири години, откако стана очигледно дека реформите не ги даваат посакуваните резултати. Оваа рокада на севернокорејските премиери го привлече вниманието на светската јавност бидејќи доаѓа во моментите на ескалација на тензиите меѓу Северна Кореја од една страна и Јужна Кореја и САД, од друга страна.