1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Имитатор на Елвис осомничен за „отровните писма“

ЖА/дпа/ап/шпигел18 април 2013

Два дена по терористичкиот напад во Бостон и отровните писма испратени во Вашингтон, меѓу кои едно адресирано на американскиот претседател Барак Обама, истрагата уапси еден осомничен маж.

https://p.dw.com/p/18ImM
Фотографија: Reuters

Олеснување во Вашингтон: ФБИ уапси осомничен човек, кој пред неколку дена испратил отровни писма до американскиот претседател Барак Обама и еден сенатор. Писмата, кои според првичните тестови, биле третирани со смртоносната супстанција Рицин, биле откриени во поштата во Белата куќа и во Капитол. Случајот предизвика голема загриженост кратко по терористичкиот напад за време на Бостонскиот маратон, но според властите, не постои поврзаност меѓу двете криминални дела.

Во објавеното соопштение на ФБИ стои-уапсен е еден осомничен, Пол Кевин Кортис во неговиот стан во Коринт, американската сојузна држава Мисисипи. Неговиот град е оддалечен околу 80 километри од родниот град на сенаторот од Републиканската партија, Роџер Викер, до кого беше адресирано едно од отровните писма. Картис е осомничен за испраќање и на трето отровно писмо до неименуван правник, службеник во Мисисипи.

Од соопштението не произлегува како истрагатавлегла во трагата на осомничениот. Но, медиумите тврдат - Картис уште во првите моменти влегол во кругот на сомнителните, зашто повеќепати испраќал писма до Викер. Отровното писмо до Викер властите го откриле уште во вторникот, а вчера беше објавено и за она адресирано до американскиот претседател Барак Обама.

Пол Кевин Картис бил имитатор на познатиот пејач Елвис Присли и човек кој бил приврзаник на теории на заговор.