1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Имињата на топонимите брана за Албанците во Грција

БГ/миа12 октомври 2012

Од грчката граница кон Албанија биле вратени стотина албански државјани затоа што во пасошите имињата на грчките градови биле напишани со албански топоними.

https://p.dw.com/p/16OiQ
Фотографија: dapd

Грчките власти деновиве вратија стотици албански државјани претежно деца, кои се родени во Грција, поради тоа што во албанските биометриски пасоши се наведени албански топоними за местата каде се родени.

Во четвртокот попладне реагираше албанското МНР кое побара од властите во Грција еден период да се применува старата практика до моментот кога двете страни би го решиле проблемот.

Во соопштение на албанското Министерство за надворешни работи, се наведува дека албанскиот шеф на дипломатијата Едмонд Панарити имал телефонски разговор со неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос при што ја искажал загриженоста на Албанија за оваа состојба на границата со Грција.

На албанската реакција до Атина и претходеше реакција на албанските семејства кои живеат и работаат во Грција, чии деца родени во Грција. Тие се пожалија дека поради албанските топоними на албански биометериски пасоши на нивните деца не им е дозволено да влезат во Грција.