1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Индија слави 60 години независност

15 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BUcu

Со силни безбедносни мерки,денеска Индија ја слави 60 годишнината од својата независност од британското колонијално владеење.Само во главниот град Њу Делхи во акција се околу 70 илјади припадници на безбедноста за да спречат можни напади.

Вчера соседот Пакистан ја прослави 60 годишнината од самостојноста во услови на масивни внатрешнополитички проблеми.Индија и Пакистан досега водеа три војни,две поради поделениот регион Кашмир.Од 2004 година двете атомски сили преговараат за приближување.