1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Индонезија ја погоди ново цунами

18 јули 2006

Бројот на жртвите постојано расте,оти и овојпат немало предупредување.

https://p.dw.com/p/Adzx
Многу жртви во цунамито
Многу жртви во цунамитоФотографија: AP

Најмалку 320 луѓе загинаа во цунамито кое вчера го погоди индонезискиот остров Јава. Официјални претставници потврдија и дека уште 130 луѓе се водат како исчезнати.

Причина за водената стихија е силен земјотрес кој се случил длабоко во морето. Војниците и спасувачките екипи работат постојано на пронаоѓање на можни преживеани. Бројот на жртвите постојано расте.

И овој пат немало предупредување од цунами иако по трагедијата од 2004 во Индискиот океан кога загинаа 230 000 луѓе, од кои поголемиот дел во Индонезија, беше најавено дека ќе проработат сите системи за рано предупредување.

Среќна околност е што голем дел од локалното население и туристите ги препознале знаците на катастрофата што доаѓала кога забележале поголеми бранови на брегот.

Пангадаран, местото кое е најмногу погодено е и едно од омилените туристички дестинации на Јава.

„Вчера бев на плажа коага видов огромни бранови и луѓето како почнуваат да бегаат па и јас трчав со нив“, раскажува Ризал кој го преживеа цунамито.„Беше страшно“, додава Ризал. И Рони Брешке е очевидец на настанот и тој раскажува:

„Првите куќи се на сто до двесте метри до брегот и таму има многу штети. Дел од куќите се многу оштетени, а некои сосема ги нема. Улиците се еден метар под вода“.

Американскиот цунами центар соопшти дека земјотресот кој го предизвикал цунамито бил 7,7 степени според рихтеровата скала.