1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Индустриската шпионажа досега е потценета

АТ/ ртр3 февруари 2014

Извозот на машините е важен за Германија и производителите секогаш мора да бидат чекор понапред. Лошо е меѓутоа кога ноу-хауто се шпионира, а тоа се случува многу почесто отколку што се смета до сега, велат експертите.

https://p.dw.com/p/1B1v5
Фотографија: imago/mm images/peoplestock

Властите драматично ги потценуваат штетите од економската шпионажа во Германија, објаснуваат од Сојузот на германски инженери. „Германскиот министер за внатрешни работи проценува дека годишно штетите изнесуваат 50 милијарди евра“, вели шефот на Сојузот на германски инжинери Ралф Апел за весникот „Рајнише пост“.

Тој лично меѓутоа смета дека оваа бројка е премногу ниска. „Јас сметам дека штетите, кои настануваат за германските претпријатија преку економска шпионажа, изнесуваат најмалку 100 милијарди евра годишно“, вели Апел.

Неодамна претседателот на службата за заштита на уставот Ханс-Георг Маасен меѓутоа оцени дека проценката од 50 милијарди евра штети е логична. Тој притоа укажа на податоците од Сојузот на индустријата БДИ.

Апел од почетокот на годинава е шеф на Сојузот на германски инжинери. Тој исто така повика на поголеми инвестиции во дигиталната инфраструктура во Германија.

„Во информациската технологија заостануваме, бидејќи дигиталната инфраструктура на Германија не припаѓа повеќе во светскиот врв“, вели Апел.

Многу спората надградба на мрежите во Германија била структурна опасност за индустријата.

„Под поимот 'индустриска револуција 4.0' во моментов набљудуваме како во целиот свет производствените процеси и интернетот сраснуваат. Доколку Германија не ја забрза изградбата на дигиталната инфраструктура, германското стопанство ќе заостане во развојот и ќе се изгубат работни места“, вели Апел.