1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инспектори на МААЕ пристигнаа во Северна Кореја

14 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BFrH

Инспекторите на Меѓунаронадната агенција за атомска енергија пристигнаа во Северна Кореја. Десет члениот тим во атомската централа Јонгбјон ќе го почне процесот на исклучување на реакторот а потоа двајца инспектори ќе останат да ја набљудуваат атомската централа. Ова е првпат после пет години, коминистичката земја да дозволи влез на меѓународни инспектори за да вршат активна контролна функнција врз атомска постројка во земјата. Во северно – корејското пристаниште Сонгбонг утрово пристигна и првата испорака на нафта, што е против услуга за Северна Кореја да ја прекине атомската програма. Нова рунда на шестпартитните преговори продолжува во среда.