1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инструментализирана помош?

11 август 2010

По поплавите што го зафатија Пакистан, талибанците се обидуваат да профитираат од катастрофалната состојба во земјата. Тие побараа од пакистанската влада да се откаже од паричната помош од САД И понудија помош.

https://p.dw.com/p/OiG2
Фотографија: AP

„Владата не прави ништо за нас!“ вели жртва на поплавите од северозападниот дел на земјата. Токму тоа е она за што многумина Пакистанци се жалеа изминативе денови; голема шанса за екстремистите да станат погласни: владата не стори ништо, ние, од друга страна, правиме многу! „Не можам со сигурност да кажам дека тоа се навистина талибанците, но кога станува збор за спроведување мерки за помош, многу религиозни групи се во прв ред. Да, религиозните партии се секогаш на чело во вакви ситуации“, известува соработник на една хуманитарна организација, чиј идентитет не сакаше да биде откриен.

Pakistan Hochwasser Überschwemmungen Flut
Фотографија: AP

Бројни терористички групи, како Лашкар - е - Тоиба, одговорна за серијата атентати во Мумбај, имаат основано и добротворни организации. Сега истите се обидуваат да се вклучат во акциите за снабдување на населението со разни продукти. Според весникот „Њујорк тајмс“, продуктите се распределуваат низ земјата со пораката: „Не верувајте и` на владата и на нејзините сојузници од Западот!“. Истото беше случај и со земјотресот во 2005 година кога разни религиозни групи делеа производи со политички пораки во пакет.

Исламистите се обидуваат да ги освојат граѓаните

Зачестените посети на пакистанскиот пртседател Асиф Али Зардари на Франција и Англија токму за време на поплавите не и` помогнаа на владата по секоја цена. Исламистите, од друга страна, се обидуваат да ги освојат срцата на граѓаните за кои се чини дека државната власт ги губи. Специјалниот претставник на ОН, ЖанМаурис Рипер, укажа на тоа дека земјата, бездруго, страда од активностите на милитантските групи: „Точно е дека ја користат секоја прилика за да се рекламираат себеси. Тоа нема никаква врска со напорите на меѓународната заедница. Мораме да работиме, мораме да му помогнеме на населението за да покажеме дека навистина се грижиме за луѓето во Пакистан.“

Pakistan Überschwemmung
Фотографија: AP

Натпреварот на хуманитарните организации во борбата против поплавите во одредена мера се чини дека е и наптревар против екстремистите.

Автор: Кај Кистнер/ Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска