1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интелектуалците се јавуваат за збор

7 мај 2008

Во Скопје беше одржана трибина на група интелектуалци под наслов Платформа. Најавениот референдум за името е отсуство на храброст спорот легитимно да го реши новоизбраната власт, истакнаа учесниците

https://p.dw.com/p/Duxm
Накаде се движи МакедонијаФотографија: MIA

Можниот референдум за името е само доказ за неподготвеноста да се пронајде компромис од страна на македонските власти. Со него Македонија ќе ги пропушти роковите за ЕУ и НАТО и државата се води во изолација. Овие две тези беа доминантни кај иницијаторот, професор Љубомир Фрчкоски и учесниците на трибината, група на екс и актуелни политичари, новинари и експерти. Во дискусијата беа изнесени и следните ставови:

Македонија не ќе може да издржи со политиката на патриотизам, тоа ја води државата во изолција, а тоа најмногу ќе се одрази врз бизнисот и атмосферата за политичките и економски реформи.

Македонскиот референдум за името наликува на српскиот за Косово и со него може да се создадат дополнителни етнички проблеми.

Оваа трибина беше вовед во серија дебати што ќе се одржат во следниот период во Македонија.