1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интригите во Ватикан не престануваат

Штефан Трендле / Елизабета М. Фиданоска8 март 2013

Во Ватикан се вели дека Конклавата која ќе го избере новиот папа најверојатно ќе почне во понеделник, вторник или среда. Во меѓувреме, кардиналите се занимаваат со аферата „Ватиликс“ и интригите во Ватикан.

https://p.dw.com/p/17tjc
Фотографија: Reuters

Централна тема на денешното заседание на кариналите, како што се вели во Ватикан, е скандалот Ватиликс. Откако беше обелоденето дека комисија на кардинали го истражува случајот и дека дошла до прилично многу податоци, сега кардиналите сакаат да знаат едно - кој бил вмешан и во каква форма?

Еден од кардиналите вчера (07.03) на Генералната конгрегација побара информација за имињата и фактите, пишува весникот „Ла Стампа“. Весникот цитира делови од интерен документ на деканот на кардиналите Анџело Содано, според кој кардиналите треба да бидат воздржани во своите конкретни сомневања. Тие не би требало да наведуваат имиња, се вели во документот, ако не се сигурни во тоа, за да на ја трујат климата.

Оној што учествувал во интриги, нема да биде избран

Кардиналот од Бостон Шон Патрик О‘Мајли, кој и самиот важи за можен наследник на папата, на прес-конференција завчера рече: „Ватиликс долго време доминираше во насловите. Не знам колку се важни овие теми за работењето на Конклавата, но сигурен сум дека кардиналите си ги разменуваат важните информации, со оглед на тоа што претстои важна одлука.“

Papst Rücktritt Verabschiedung Kardinäle
Кардиналите расправаат за ВатиликсФотографија: Getty Images/L'Osservatore Romano

Тоа преведено значи - оној што учествувал во интриги, нема да биде избран. Тоа за колегиумот на кардинали веројатно беше малку прејасно кажано. Американските кардинали, имено, спонтано ја откажаа својата секојдневна прес-конференција. Се вели дека се сакало да се стави маска на устата, а се претпоставува дека тоа доаѓа веројатно од заинтересираната италијанска страна, поради тоа што деканот на кардиналите е Италијанец, кардиналот Камерленго Тарчисио Бертоне исто така. Бертоне, освен тоа, по прашањето на аферата Ватиликс беше под голем притисок.

Лоби на хомосексуалци во Ватикан?

Независно од тоа, Италијанците и натаму го снабдуваат печатот со информации. Имено, она што го пишува римскиот весник „Ла Република“ се чини исто така доаѓа од кампот на противниците на Бертоне. Новинарот Марко Ансалдо, кој известува за Ватикан, повторно пишува дека во скандалот Ватиликс не бил вмешан само батлерот на папата Паоло Габриеле, туку уште најмалку 20 други лица. Новинарот наведува дека тој се сретнал со еден од информантите, кој Италијанците го нарекуваат Корви. Анонимниот извор, според новинарот на „Ла Република“, повторно потврдува дека во Ватикан наводно има лоби на хомосексуалци, во кое учествуваат и кардинали и бискупи, од, како што се тврди, наводно највисоките слоеви на Државниот секретаријат се‘ до шефови на одделни институции на Ватикан.

Vatikan Kardinäle Papst Nachfolge - letzte Audienz des Papstes
Конклавата за избор на папа најверојатно на почетокот на наредната неделаФотографија: picture alliance/Pressefoto Ulmer

Нескриен обид за притисок и изнуда

Изворот на весникот тврди дека може да наведе и имиња, што се толкува како нескриен обид за изнуда. Лицето изјавува и дека во досега во тајност чуваниот извештај на комисијата на кардиналите станува збор и за финансиите на Ватиканската банка ИОР, која постојано е под сомневање за перење пари. Во интервјуто за „Ла Република“ анонимниот извор нагласува дека има и други тајни документи, кои можеби ќе бидат објавени во книга, а тука е и јасната закана дека ќе се продолжи со расчистување на работите, во зависност од тоа кој ќе биде избран за нов папа и кој ќе го води Државниот секретаријат. Луѓето што ги влечеле конците на Ватиликс, впрочем, се луѓе кои биле блиску до папата, многу блиску.