1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инфлацијата во Германија се‘ пониска

ЖА/дпа/ртре/афп13 јуни 2012

Цените во Германија растат со темпо незабележано во последната година и половина. Според статистиката, за ниската стапка на инфлација придонесуваат цените на енергенсите, кои се во опаѓање.

https://p.dw.com/p/15DLh
Фотографија: picture-alliance/Sven Simmon

Стапката на инфлација во Германија во мај изнесувала 1,9 проценти. Вредност под два проценти немало во последните 17 месеци. Во споредба со април цените се намалени за дури 0,2 насто. Тоа одговара на целите на Европската централна банка, која стреми кон инфлациска стапка под два проценти, на која се гарантира стабилност на цените.

Статистичарите од Висбаден намалувањето на растот на цените го објаснуваат со се‘ помалите цени на бензинот и нафтата. Цените на енергенсите во мај се пониски за 1,5 насто.

Експертите меѓутоа стравуваат дека инфлацијата на краткорочен и на долгорочен план повторно ќе расте. Тие укажуваат на зголемувањето на платите од над четири проценти во многу бранши. Претпријатијата можеби ќе се обидат зголемените давачки за плати да ги префрлат врз грбот на потрошувачите.

Шансите за тоа, со оглед на робустната конјуктура и стабилниот пазар на труд, не се лоши, вели на пример главниот економ на Постбанката, Марио Баргел:

„Освен тоа, Европската централна банка и натаму е великодушна со доделувањето финансиски инјекции на финансискиот пазар. Тоа среднорочно создава плодна почва за повисока стапка на инфлација“.