1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инцидент со неонацистичка заднина и во Мајнц

25 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXn9

По инцидентот со прогон на осумтемина Индијци во источно германското гратче Мигелн полицијата објави дека сличен инцидент имало минатиот викенд и во близината на градот Мајнц. Еден граѓанин на Египет и еден од Судан биле нападнати од лица што најверојатно и‘ припаѓаат на десно радикалната сцена. Случајот не бил објавен во јавноста поради заштита на истражната постапка. Две осомничени лица сега се наоѓаат во истражен затвор.