1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – закон за нафта

4 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BCMS

По повеќемесечно одлагање ирачката влада го донесе законот за распределба на приходите од нафтата. Според најавите предлог законот денеска треба да му биде поднесен на парламентот. Овој законски акт се смета за централен за помирувањето меѓу религиозните групи во Ирак. Најголемиот дел на нафтените резерви се наоѓа на северот на земјата, каде Курдите се мнозинско население и на југот, каде доминираат шиитите. Во централниот дел населен претежно со сунити нема нафтени резерви. Ирак е трет во светот по проценетите резерви на нафта.