1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак - напад

26 април 2007
https://p.dw.com/p/AgAG

Во самоубиствен напад врз еден контролен пункт на ирачката армија во Бакуба, загинаа најмалку седум лица, а има и голем број повредени. Повеќето од жртвите се цивили. Бакуба се наоѓа на 60 километри североисточно од Багдад. Во друг самоубствен напад на двајца напаѓачи врз канцеларијата на Демократската партија на Курдистан загинаа тројца телохранители на претседателот на автономниот курдски регион, Масуд Барсани, а повредени беа уште пет лица. Нападот се случи со Сумар, западно од градот Мосул.