1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак - нова бизнис дестинација за Македонците?

Горан Петрески25 септември 2006

Бизнис тимови од Ирак деновиве ги повикаа нинвите колеги од Македонија да не ја преспијат обновата на Ирак.

https://p.dw.com/p/AeKn
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Бизнис тимови од Ирак од повеќе сектори деновиве се во Македонија во потрага по ефтини проекти. Ги повикаа овдешните бизнисмени да се вклучат во изградбата на нивната земја. Ирак сеуште не е безбеден признава Ахмед Авучос претседател на Ирачката индустриска комора, но на неговите македонски колеги им порачува немојте да ја преспиете обновата на Ирак. „Ќе треба време додека се стабилизира состојбата, но јас мислам дека 30 проценти од луѓето во Ирак не знаат ништо за Македонија, немате амбасада во Ирак, немате амбасада во Јордан. Треба да се воспостави контакт, на ирачаните да им се претсават можностите за бизнис во Македонија и обратно, да им се каже како македонските фирми можат да се вклучат во изградбата на Ирак“.

Некои американски агенции веќе ги анимираа компаниите од Македонија за бизнис во Ирак но до поголема зделка не дојде. Во потрага по добра заработувачка работниците од Македонија самостојно бараа канали за да стигнат во една од најбезбедните земји на светот. Според некои проценки сега таму работат неколку иљади луѓе од Македонија. Зоран времено се врати дома, но пак би одел во Багдад. „Ирак не сме го виделе, ама во базата во која бевме се си тече нормално, живот, работа“.

Ирак има да понуди многу повеќе освен добра плата за физичките работници, вели гостинот од индустриската комора од Багдад. Треба да се обноват традиционалните бизнис релации меѓу Македонија и Ирак. „Во многу сектори, трговија, производство, градежништво, на Ирак сега му требаат компании од многу земји, секако и од Македонија. изјави Авучос.

Македонските бизнисмени, домаќини на ирачката стопанска делегацијата сега се исправени пред дилемата. Да тргнат во бизнис поход на Блискиот исток или да останат во зачмаениот локален амбиент.