1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иранската атомска програма пред Советот за безбедност на ОН

9 март 2006

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи својот извештај ќе го достави во Њујорк.Петте постојани членки од Советот тррба да се договорат како да се натера Иран на соработка и на престанување на збогатувањето ураниум.

https://p.dw.com/p/Ac8I
Мохамед ел Барадеи на советувањето во Виена
Мохамед ел Барадеи на советувањето во ВиенаФотографија: AP

Советот за безбедност на ОН многу скоро ќе се зафати со иранската нуклеарна програма. САД предвидуваат дека тоа ќе биде уште идната недела.

Меѓународната агенција за атомска енергија во меѓувреме и натаму ќе сеобидува колку што е можно да врши набљудување на нуклераните погони.Шефот на Агенцијата ел Барадеи сакаше во последна минута да го спречи тоа што веќе беше договорено пред еден месец.На почетокот на неделата тој зборуваше за можен компромис и важни напредоци во преговорите околу иранската нуклеарна програма.По крајот на седницата тој изгледаше малку оптимистички:

-Не сум разочаран,но сепак се надевав дека ќе постигнеме согласност неделава која ќе отвори пат кон преговори.Тоа може да се случи и следната недела или подоцна.Ќе направиме се најдобро што можеме,а во овој правец ќе работи и Советот за безбедност на ОН.

САД веруваат дека врз Техеран може да се изврши притисок.Американскиот амбасадор во ОН Грег Шулте во Виена не зборуваше за санкции,но рече дека е време Советот да донесе одлука:

-Иранското раководство мора да го смени својот курс:соработка и вистински преговори наместо конфронтација. Луѓето во Иран имаат право на нуклеарна енергија,тие заслужуваат меѓународно почитување наместо растечка изолација поради потфрлувањето на нивните водачи.

Иранскиот претставник Али Солтание од своја страна ги предупреди САД,без да го спомене името.Тој кој на Иран му предизвикува штети и болка,мора да смета со реакции,иако Иран не е заинтересиран за ескалација на спорот:

-Важно е дека не е наша намера да дојде до конфронтација.Иран сеуште е решен да се најде мирно решение.Секој потег во оваа насока е добредојден.Но,ја предупредуваме другата страна и советуваме да не ја влошува ситуацијата.

И Москва последниве денови се обидува да посредува,иако нејзиниот предлог да му се дозволи на Иран збогатување ураниум во истражувачки цели ,беше одбиен од САД.

Во секој случај,Москва исклучува воена ескалација на конфликтот,иако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не верува многу во ефикасноста на санкциите:

-Тоа личи на нешто веќе видено.Знаете, јас одговарав на ова прашање во врска со Ирак,видовме дека нема воено решение за вакви кризи.Исто така мислам дека санкциите не можат да ги решат кризите,затоа сметам дека мора да се потпреме на професионалноста на Меѓународната агенција за атомска енергија.