1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран – атомска програма

25 април 2006

Владата во Техеран не смета дека Советот за безбедност на Обединетите нации ќе воведе санкции против Иран. Тоа не е веројатно, изјави иранскиот претседател Махумд Ахмадинеџад на вчерашната прес-конференција.

https://p.dw.com/p/Ae25
Ахмадинеџад е упорен
Ахмадинеџад е упоренФотографија: picture-alliance/dpa

Истовремено, тој потврди дека неговата земја опстојува на својата атомска програма.

Времето на атомски бомби е минато. На Иран му е само до мирољубиво користење на атомската енергија. Оттаму, изјави Ахмадинеџад, неговата земја не смета дека поради тоа ќе биде изложена на санкции. Советот за безбедност му даде рок на Техеран до 28 април до кога Иран треба да соопшти дека се откажува од збогатувањето ураниум. Ова ултимативно барање за време на минатиот викенд веќе го одби иранскиот министер за надворешни работи Мотаки. Иран истовремено најави дека ќе започне изградба на две нови атомски централи за што ќе распише меѓународен конкурс на кој се повикани да учествуваат сите земји.

Останува и натаму отворено какви последици го очекуваат Техеран кога в петок ќе истече рокот што го поставија Обединетите нации. Русија и Кина и натаму одбиваат санкции. Од руски владини кругови се вели дека Москва и натаму е убедена дека Иран нема можности да изгради атомска бомба.

Пред странските новинари Ахмадинеџад ја повтори и критиката врз Израел. Според него тоа е вештачка држава која не може долго да живее. Европејците треба да го фрлат во вода антисемитизмот и да ги примат Евреите во сопствените земји, изјави Ахмадинеџад.

Тој се осврна и на можноста од преговори со САД во врска со ситуацијата во Ирак. Претходно обете земји сакаа да разговараат за тоа како да се стабилизира ситуацијата во Ирак,. Сега Техеран за тоа не гледа никаква потреба. Постои влада во Ирак, изјави иранскиот претседател, па затоа веќе не се потрбни консултации со САД.