1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран е подготвен да преговара за ослободување на заложниците

3 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHQ

Иран најави подготвеност наскоро да ги пушти заробените 15 британски војници.Влијателниот претседател на Националниот совет за безбедност,Али Лариџани изјави дека наскоро треба да се најде дипломатски начин.Тој не гледа никаква причина за судска постапка.Британската влада ја поздрави ваквата изјава и најави за денеска натамошни разговори со Техеран.Иран ги обвини војниците дека на 23 март со брод навлегле во иранските територијални води,што британската влада го негира.