1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран и натаму тера по свое

24 декември 2006

Иран ќе продолжи да работи забрзано на својата атомска програма.

https://p.dw.com/p/Adud
Али Лариџани
Али ЛариџаниФотографија: AP

Ова е реакција на Иран на усвоената резолуција во Советот за безбедност, која предвидува санкции против Техеран. Според шефот на иранскиот преговарачки тим, Али Лариџани, Иран уште денеска ќе почне со инсталирање на трите илјади центрифуги за облагородување ураниум во централата во Натан. Вчера, Советот за безбедност по повеќемесечни преговори и колебање, првпат донесе одлука за казнени мерки со кои иранската влада би била приморана да запре со облагородување ураниум. Предлог резолуцијата беше донесена едногласно. Германскиот амбасадор во ОН, Томас Матушек изјави:

“Не станува збор за казни, ние бараме дипломатско решение. Затоа мерките се прецизно насочени. По триипол месеци го правиме она што го најавивме во претходната резолуција.“

Новата резолуција дава упатство до сите влади да забранат извоз на материјали и технологии за Иран, кои би можеле да се користат за неговата нуклаерна и ракетна програма. Германската сојузна влада позитивно ја оцени едногласно усвоената резолуција на Советот за безбедност.