1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран и прифаќа и одбива!

1 јуни 2006

Иранскиот министер за надворешни работи Манухер Мотаки ја поздрави готовноста на Вашингтон за преговори, но одби какви да се предуслови. Техеран во никој случај не е подготвен да прави остапки за неговите легитмини права, изјавил министерот во првата реакција што ја пренесе агенцијата Кабар.

https://p.dw.com/p/Ac6A
Манухер Мотаки бара од САД да го сменат односот
Манухер Мотаки бара од САД да го сменат односотФотографија: DW

Тој уште додал дека говорот на американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс не содржел ништо за тоа што би придонесло за решението на конфликтот. Американската понуда ја поздравија германскиот шеф на дипломатијата, како и Меѓународната агенција за атомска енергија:

До американско-ирански дијалог нема бргу да дојде. Иран денеска ја повтори својата готовност во основа за преговори и со САД:„Ние сме подготвени да разговараме за теми од обостран интерес„ изјави министерот за надворешни работи Манухер Мотаки, но преговорите мораат да бидат фер, а американската понуда не е ниту фер, ниту недискриминаторска:

„Изјавата на госпоѓа Рајс не содржи ништо ново. Сличното го кажа веќе порано: тоа не носи ништо ново и трезвено за решавање на атомското прашање„.

Мотаки го одбива решавачкиот американски услов: ние нема да се откажеме од природното право на нашата нација да збогатуваме ураниум. За тоа нема преговори, изјави Мотаки:

„Американците се однесуваат супериорно што за жал, стана нивна навика. Ако вистина сакаат нешто да сменат, тогаш мораат да го сменат својот однос„.

Иранското „не„ воопшто не е изненадување. Зашто од април кога го направи првото збогатување на ураниумот, постојано подвлекуваше дека од тоа веќе нема откажување. Најмногу може да се преговара за степенот на збогатување, но не и за целосно запирање, како што бараат Американците. Вашингтон својата понуда ја претстави како исклучително великодушна и како дел од поголем пакет што би бил распакуван денеска попладне во Виена. Таму, имено, попладнево се среќаваат министрите за надворешни работи на петте постојани членки на Советот за безбедност и Германија, токму за атомскиот спор со Иран.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер, американската понуда ја оцени како вистиснко јакнење на напорите:

„Ние само можеме заеднички да се надеваме дека одговорните во Техеран ќе знаат да ја оценат далекусежноста на оваа најава и ќе реагираат соодветно на тоа„.

Американската готовност ја поздрави и Меѓународната агенција за атомска енергија. Цел мора да биде сеопфатен договор прифатлив за обете страни, изјави шефот на Агенцијата Мохамед Ел Барадеи кој го повика Иран на флескибилност. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лиу Јианчао ја поздрави понудата на Вашингтон, но изјави дека Кина и натаму одбива можни санкции против Техеран.