1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран не попушта

5 март 2006

Утре Меѓународната агенција за атомска енерегија ќе реши дали со случајот со спорната иранска програма ќе се зафати Советот за безбедност на ОН.Независно од тоа дали ќе дојде до таков случај,Иран преку шефот на преговарачкиот тим најави дека ќе опстои на својот курс.

https://p.dw.com/p/Ac8Q
Али Лариџани на средбата со Солана во Виена
Али Лариџани на средбата со Солана во ВиенаФотографија: AP

Надежта умира последна,а во случајот со постигнување единство во последна минута во спорот со иранската нуклерана програма,надежта е една веќе овената роза.Шефот на иранскиот преговарачки тим Али Лариџани,ако се држиме и натаму на ваквите споредби,не е подготвен да ја полева оваа роза.Не,напротив,тој изрече нови закани.

По безуспешната средба во петокот во Виена со високите претставници на ЕУ,Лариџани даде интервју во денешниот австриски весник Kуриер,каде вели:

Иран не се стреми кон атомско оружје.Земјата стана членка на Меѓународната организација за атомска енергија за да може да ги користи нуклераните технологии и тоа во мировни цели.Бидејќи тоа му се забранува,државата истапи од организацијата.Двоумењата на службите за атомска енергија,содржани и во извештајот за кој ќе се расправа следната недела,Лариџани ги отфрлува.Тој вели дека виновни се само САД.Ако тоа не беше така,инспекторите уште одамна ќе ја завршеа нивната работа.Во Иран нема ништо сомнително,земјата е под притисок.

Не треба голема фантазија за да се предвиди дека истапувањето на Иран ги прави можни санкциите на Советот за безбедност на ОН.Но,и овде Лариџани не попушта и настапува дури борбено:Иран има искуство како да се справи со санкциите.А патем,тогаш тешкотии нема да има само неговата земја.Цитат:Ако тоа ги зголеми цените на нафтата,ќе бидат погодени и Европејците.

Значи,нови закани,и тоа сосема кратко пред решавачкото заседание на Меѓународната агенција за атомска енерегија,опточени во секој случај со нов компромисен предлог.При своето заминување од Виена,Лариџани остави простор за можност Иран да го врши збогатувањето на ураниумот во некоја друга земја на одредено време.Тоа би можело,според предлогот на западот,да биде Русија.Рускиот компромис пак предвидуваше Иран целосно да се откаже од збогатувањето ураниум.